МЕТАБОЛИЧКИ СИНДРОМ - ТИВОК УБИЕЦ

     Епидемијата на дебелина во Америка, но во последниве години и кај нас, продолжува да го зема здравствениот данок кај популацијата и го прави телото подложно на нов тивок убиец - метаболички синдром. Порано познато како мистеризониот „Синдром X", ова нарушување стана многу честа појава и опфаќа околу 34% од возрасните, растејќи паралелно со дебелината. Прекумерната тежина и гојазноста може да предизвикаат појава на метаболичкиот синдром, но кои се корените и кој е изложен на ризик?

  • Метаболички синдром - кластер на состојби

     Откриен пред помалку од 20 години, синдромот е класифициран како сет на патологии кои вклучуваат висок крвен притисок, висок крвен шеќер, високи триглицериди, низок HDL холестерол и гојазност. Овие патологии имаат тенденција да одат рака под рака со порастот на дебелината, која на крајот може да доведе до дијабетес и хипертензија, односно метаболички синдром. Кај сите оние со најмалку три од овие пет фактори на ризик може да биде дијагностициран метаболички синдром од страна на нивниот доктор. Оваа низа на состојби го зголемува ризикот од срцеви заболувања и други здравствени проблеми кои може да станат смртоносни.

     Метаболичкиот синдром е збир на фактори на ризик, наместо една болест, па според тоа има неколку различни причини. Прекумерната тежина и дебелината, неактивниот начин на живот и инсулинската резистенција се меѓу причините кои може да се контролираат во споредба со стареењето и генетиката. Овие фактори на ризик се многу честа појава во нашето општество денес. 

  • Превенција од метаболитичкиот синдром 

     Факторите како што се дебелината, возраста, дијабетесот и латинското и азиското потекло се поврзани со зголемен ризик од нарушувањето, но тие може да се контролираат со правилна исхрана и вежбање. Ова може да се подобри со јадење помалку шеќер и повеќе растителни влакна. Намалувањето на шеќерот знае да биде напорно, но по неколку дена гладта и апетитот се намалуваат и станува полесно. Редовното интензивно вежбање исто така е корисно. Едно истражување од 2005 година, објавено во списанието ,,Аnnals of Internal Medicine", говори дека промените во животниот стил може да бидат ефикасни во спречувањето на метаболичкиот синдром. Вежбањето и правилната исхрана ги намалува шансите за развој на синдромот за 50%, особено кај лицата со оштетена толеранција на глукоза - состојба пред дијабетес. 

     Зголемувањето на телесната тежина и физичката неактивност во раното детство може да ги зголеми шансите за метаболички синдром. Ова е причината зошто е императив да се превенира дебелината и сите нејзини нус појави уште од почеток. Бидете сигурни дека вашите деца се физички активни и не јадат спакувана храна секој ден. 

     Кај гојазните возрасни губењето на 10% од телесната тежина може да помогне во намалување на триглицеридите, да го зголеми HDL холестеролот и да го намали крвниот притисок и шеќерот. 


  • ВТ диет програмот и метаболичкиот синдром

     ВТ диет програмот е план за постојано и целосно губење на телесната тежина и истиот се базира врз принципите на метаболитичката исхрана (природната хигиена). ВТ диет програмот го дава правецот и објаснува како да се смени фигурата и начинот на живот. Со овој план не ги броите калориите, а сепак ја намалувате телесната тежина. ВТ диет програмот успешно го намалува целокупниот холестерол, ЛДЛ (лошиот) холестерол, нивото на триглицериди и крвниот притисок. Исто така, ВТ диет програмот ги регулира нивоата на гликоза во крвта. Целта на ВТ диет програмот е да ви овозможи да бидете во согласност со своите физиолошки потреби, со природните циклуси на вашето тело и да ви покаже како да се храните за да бидете во најдoбро здравје. Со ова сознание секогаш ќе имате контрола врз својата енергија и тежина. 

„ПОЛН СТОМАК е мајката на сето зло“ 

-БЕНЏАМИН ФРЕНКЛИН, АМЕРИКАНСКИ ПОЛИТИЧАР

И ПРОНАОЃАЧ     

Created with Mozello - the world's easiest to use website builder.

 .