ТАЈНИТЕ НА МЕТАБОЛИЗМОТ

     Метаболизмот е збир од сите хемиски реакции што се случуваат во нашето тело. Некои од овие реакции помагаат во изградувањето на мускулна маса, масни ткива или растот на косата и ноктите. Додека други служат за разградување на храната, мастите или гликогенот (форма под која јаглехидратите се наоѓаат во мускулите) до претворањето во енергија. И двата вида реакции - изградувањето (анаболизам) и разградувањето (катаболизам), протекуваат истовремено, секоја секунда од деноноќието. Храната е основна материја која ја користи организмот за да ги подржува метаболичките процеси. 

     Ако имате брз метаболизам, телото лесно ги гори примените калории. Затоа некои луѓе можат да изедат голема количина храна, а нивната тежина да остане непроменета. Кај нив метаболитичките процеси се одвиваат многу брзо, така што, што и да јадат веднаш се претвора во енергија. Но, ако имате бавен метаболизам и мала количина храна ќе резултира со зголемување на тежината, затоа што организмот не успева да ги изгори сите калории. 

     Michael Turmond ја користи аналогијата на запален оган, за да објасни како работи метаболизмот и да им помогне на луѓето да разберат со каков режим на исхрана најлесно ќе се стопат масните наслаги. Пробајте да си го претставите метаболизмот како запален оган, а храната која ја консумирате како цепеници. Ако огнот е голем и силен без проблем ќе ги изгори и дополнителните дрва. За нашиот оган да продолжи да гори треба постојано да му додаваме дрвен материјал, во спротивен случај ќе се претвори во жар. Метаболизмот работи на истиот начин ако му давате правилна храна во соодветни порции и интервали, тој ќе функционира ефикасно. Тогаш се што консумирате лесно ќе го претворите во енергија. 

     Ако огнот започне да гори се послабо и да гасне, додавањето на цепеници нема да помогне многу, за тој повторно да се распали. Дури и ако ставите голем трупец тој ќе си остане таму цела ноќ, горејќи сосема бавно. Така стојат работите и со бавниот метаболизам, кој не може да ги изгори калориите кои ги внесувате. Храната си стои, додека на крај наместо да се претвори во енергија, се натрупува во форма на масти. 

     За момент да се вратиме кај огнот. Да претпоставиме дека фрламе некои стари весници. Што ќе се случи? Избувнува пламен, весниците се претвораат во пепел за дел од секунда и исчезнуваат, а заедно со тоа исчезнува и интензитетот со кој гореше огнот. Се стивнува така брзо како и што започна. Овие весници се како простите (брзите) јаглехидрати. Тие горат веднаш, но не го поттикнуваат огнот на метаболизмот. Вусшност тие го задушуваат. Потребно ви е квалитетно, солидно гориво, како што огнот има потреба од здрав, солиден труп. Квалитетното гориво за нас е високо квалитетниот протеин и сложените јаглехидрати. Тие можат да му помогнат на мрзливиот метаболизам да се активира. 

     Фактори кои влијаат на метаболизмот се:

  • Возраста
     Метаболизмот го забавува своето темпо со возраста, а тоа е сврзано со фактот дека со напредувањето на годините човекот започнува да ја губи мускулната маса. Добрата страна е тоа што можете да го задржите, па дури и да го свртите овој процес, ако вo фитнес програмата вклучите и кревање на тегови. 

  • Пол
     Мажите имаат 10-20% побрз метаболизам од жените. Една од основните прични за оваа разлика е затоа што мажите имаат поголема мускулна маса и помалку масни наслаги од жените, а на мускулите им е потребно повеќе енергија од мастите (кои не се метаболички активни). Независно од полот секој може да ја зголеми мускулната маса, да го забрза својот метаболизам и да ги гори мастите дури и кога одмора.

     Сигурно сте пробале да ослабнете неколку килограми со различни физички вежби и сигурно сте биле разочарани и сте се чуделе зошто нема резултати. Причината е многу проста - неможете да постигнете квалитетно ослабнување без правилна исхрана. Добрите резултати доаѓаат кога обрнувате внимание на храната и на вежбите. 

  • Физичка активност
     Секоја физичка активност што го тера срцето да работи интензивно го стимулира метаболизмот побрзо да троши енергија отколку вообичаено, не само за време на тренинг, туку и во текот на целиот ден. Вежбањето ги редуцира телесните масти и ја зголемува мускулната маса, што означува побрзи метаболитички реакции, а тоа од своја страна ви дозволува да јадете повеќе, без да се здебелувате, затоа што можете да согорете повеќе калории. Не заборавајте дека вежбите треба да се исполнуваат правилно, за да ја подобрите максимално способноста на телото да ги топи мастите. Ова не значи задолжително да тренирате исцрпувачки, затоа што тешките оптоварувања често имаат негативен ефект. 

  • Генетска наследност

     Гените кои ги управуваат метаболитичките процеси можат да се наследат. Ако цел живот сте имале проблеми со тежината, тогаш сигурно имате генетски предопределен бавен метаболизам. Типот на телото е наследен, како и бојата на косата или формата на носот. Склоноста кон дебелеење на определени места исто така е наследна. За среќа генетскиот фактор може да биде надминат кога ќе започнете со специјално определените за вас диети и вежби.

  • Храна и начин на исхрана
     Храната е најважен фактор кој влијае на метаболитичките процеси. Консумирањето на храна која е богата со моносахариди, газирани пијалоци, чоколадни десерти, слатки, овошни сокови, лебот и различни видови тестенини, особено кога се направилно комбинирани со друга храна, предизвикуваат секреција на хормонот инсулин, одговорен за претворањето на хранливите материи во масти. Покрај многуте корисни функции, при примање на храна богата со шеќер нагло го покачува своето ниво и причинува пустош во метаболизмот. Варењето на храната е процес каде што се горат калории. Отакако ќе се нахраните, вашето тело извршува сериозна работа, за да го претвори тоа што сте го изеле во енергија. Термичкиот ефект на храната се изразува во одделувањето на дел од таа енергија во топлина. Колку повеќе енергија при горењето на храната претворате во топлина, телото помалку се здебелува. Некоја храна има поголем термички ефект од друга, што е најдобар избор да му помогнете на метаболизмот. На пример, 30% од калориите, кои се добиени од протеини и приближно 15% од јаглехидратите се одделуваат како топлина, додека калориите примени од масти, се посклони да се претворат во телсни масти. 

     Строгите диети не му помагаат на метаболизмот, затоа што тој го препознава умереното ограничување на калории како сигнал за гладувањето што следи и тогаш телото започнува да трупа мастни ткива, во случај овој критичен период да трае неограничено. Колку помалку јадете, толку помрзлив ви е метаболизмот. Тој го ограничува трошењето на калории и започнува да складира масти како механизам за преживување. Ова означува дека може да не ослабнете, всушност е поверојатно да качите килограми, затоа што телото преминува во бавен режим. Кога не додавате доволно храна, која го одржува метаболизмот активен, се што ќе јадете се претвора во телесни масти. 

     Враќајќи се повторно на факторите што влијаат на метаболитичките процеси, станува очигледно дека два од нив, физичката активност и хранењето можеме да ги контролираме. Кога ќе размислите тоа е неверојатно охрабрувачка вест, затоа што овие два фактори се целосно во ваши раце - можете да го стимулирате метаболизмот за да добиете добро оформено и здраво тело, колку што е можно побрзо.  

Created with Mozello - the world's easiest to use website builder.

 .