ВТ АНТИСТРЕС ПРОГРАМ - ВАШ СОЈУЗНИК ВО БОРБАТА ПРОТИВ СТРЕСОТ

     Современиот начин на живот никого не поштедува од стресот. Современиот човек е полн со нервози, рокови, фрустрации и барања. За многу луѓе, стресот е толку вообиачен што станува и нивен начин  на живеење. 

Како се дефинира стресот?

     Стресот или напнатоста означува психолошки и физички одговор на организмот на специфични надворешни влијанија. Најчесто се работи за негативно влијание, иако стресот може да има и поттикнувачка позитивна улога во нашиот живот. Кога зборуваме за стрес, мислиме на акутно настаната стреснта краткотрајна состојба или почесто на хроничен стрес. 

     Стресот не е секогаш лош. Во мали дози, тој може да ни помогне да под притисок сработиме некоја работа и да не мотивира да дадеме се од себе за да ја сработиме таа работа најдобро што можеме. Тој добар стрес психолозите и психијатрите стручно го нарекуваат - eustress, каде што грчкиот збор eu означува добар што во превод значи добар стрес. Eustress е „позитивен“ стрес што не одржува витални. Дел од тој стрес го посакуваме, бидејќи тој не тера да работиме уште понапорно за да го извлечеме максимумот во дадена ситуација. 

     Стресот доколку е краткотраен и не мотивира е нормална појава и телото може без проблем да се справи со него. Но, кога секојдневно сте изложени на голем стрес, нашето тело може да ја изгуби битката и да започне да страда од последиците. Кога сме под постојан стрес, тој негативно влијае на нашето тело и ум и може да доведе до нарушување на нашето здравје и до појава на многу различни психолошки и органски заболувања: ослабнат имун систем, нервоза, напнатост, депресија, срцеви заболувања, канцер итн. 

ВТ антистрес програмот - Ваш сојузник во борбата против стресот

     ВТ антистрес програмот како дополнение на ВТ диет програмот претставува сет од препораки и техники кои што ќе ве отргнат од надворешните влијанија и ќе ги релаксираат вашите мускули. Кога вашето тело ќе биде релаксирано и олабавено, ќе бидете ослободени од најголемиот дел од психичката напнатост. ВТ антистрес програмот претставува вештина која треба да ја усвои современиот човек за да го регулира стресот. Управувањето со стресот представува и ќе представува темел на опастанокот и успехот на човекот од 21-от век. 

Created with Mozello - the world's easiest to use website builder.

 .