КВАНТНА РЕЗОНАНТНА МАГНЕТНА АНАЛИЗА - ЧУДО НА РУСКАТА НАУКА

     Клетките комуницираат помеѓу себе со сигнали, кои го претставуваат нивниот клеточен јазик. Информативните сигнали на клетките може да предизвикаат нарушување (болест) на клетките, а со тоа и на телото. 


     Квантната медицина претставува спој или интеграција на источната и западната медицина. Апаратурата со која работи оваа медицина има за цел да го „прочита“ вашиот организам преку биоточките или зоните кои се поврзани со Вашите органи. Што би се рекло, секоја точка е поврзана со одреден орган од Вашето тело. Затоа и квантната медицина го подразбира човековиот организам како добро развиена енергетско информативна мрежа која е интегрирана на сите нивоа. Квантната медицина е особено развиена во источните земји, поконкретно во Русија, каде што особено внимание и се предава на биофизиката. 

     Истражувањата за влијанието на информативниот сигнал на клетките, кои ги спровел Зиновиј Скрипњук, доктор на биолошки науки на националниот универзитет ,,Т.Г. Шевченко“, покажале дека информативните сигнали на клетките може да предизвикаат нарушување (болест) на клетките. Тој докажал дека клетките комуницираат меѓу себе со сигнали што го претставуваат клеточниот јазик. Овој јазик може да биде „пишан“, кој е овозможен со синтеза на различни материи од клетките и „усмен“ јазик, кој е овозможен со електромагнетни бранови. Клетките на телото емитираат бранови со одредени фреквенции, кои околу него создаваат електромагнетен спектар на фреквенции, „информациски покривач“ одговорен за здравото функционирање на телото. 

     Сите причини: бактерии, вируси, лекови, хемиски адитиви во храната, пестициди, па дури и храна што не е во согласност со антигените на крвната група може да ја нарушат здравата фреквенција на клетките. Оваа информација доведува до нарушување на меѓуклеточната комуникација. Резултатот е нарушување на биохемиските процеси што резултира со метаболички нарушувања во ткивото и појава на болести. 

     Квантаната резонантна магнетна анализа е ЧУДО НА КВАНТНАТА ФИЗИКА за анализа на здравствената состојба на човекот. Со држење на еден сензор во рака, слабата магнетна фреквенција и енергија од човековото тело се собира и се пренесува во специјален, вграден микропроцесор, кој ги споредува добиените податоци со стандардниот квантен резонантен спектар на информации. На тој начин се добива една целосна слика за состојбата на човековото здравје. Апаратурата располага со голема прецизност при што може да ги детектира и најситните промени на клетките, овозможувајќи препознавање на болеста кога се уште нема органски промени (и не можат да ја препознаат ултразвукот, КТ скенерот и магнетната резонанца) и со превземање на соодветна акција во тој момент се врши ефикасно превземање на контрола над различните болести и се спречува да тие воопшто се појават. Оваа анализа опфаќа повеќе од 30 ставки: кардиоваскуларна и цереброваскуларна состојба, густина на коските, трагови од хемиски елементи, состојба на крвта, респираторен систем, состојба на бубрези, желудник и дигестивен систем, црн дроб, жолчка, кранијални нерви, гинеколошка состојба итн.  

     Нашиот диет клуб, ВТ диет клубот располага со најсовремена апаратура за квантна резонантна магнетна анализа, која е директно набавена од Русија и се користи за утврдување на здравствената состојба на астронаутите, пилотите, врвните спортисти - олимпијци, т.е. луѓе со специфични професии. На овој начин ВТ диет клубот им ја приближува моќта на руската наука на своите членови. Со апаратурата за квантна резонантна магнетна анализа за краток временски рок се добиваат информации за целокупната здравствена состојба на пациентот, за сите органи и органски системи. Исто така, членовите на ВТ диет клубот добиваат точна и прецизна интерпретација на податоците од анализата од страна на нашиот нутриционист и радиолошки технолог, Таневски Влатко, кој е оспособен за ракување со ваквата апаратура и интерпретација на резултатите од квантната резонантна магнетна анализа од страна на врвни руски експерти, здобивајќи се со соодветен сертификат и титула сертифициран технолог за квантна резонантна магнетна анализа. Доколку сте заинтересирани за ЧУДОТО НА РУСКАТА НАУКА, дојдете во просториите на ВТ диет клубот (ДТЦ Шехерезада приземје, локал 11 - Битола) или обратете се на 078 / 678 - 601 за подетални информации.