MOЌТА НА КВАНТНО-ИНФОРМАТИВНАТА МЕДИЦИНА
     Ако сакате да го победите непријателот, мора да го запознаете. А, за да го запознаете непријателот, тука е квантно-информативната медицина.
     -Таневски Влатко, дипл. лекар натуропат и нутриционистички советник
     Квантно-информативната медицина е гранка на КАМ (комплементарната и алтернативната медицина) која ги обединува енергетските и модерните, комплементарни и алтернативни гранки на медицината, најсовремените достигнувања на биофизиката и квантната физика со познавањата на енергетските и електромагнетните полиња на човечкиот организам. Квантно-информативната медицина е нова гранка на медицината и заедно со класичната медицина и со најновите сознанија од доменот на биофизиката и електрониката е составен дел од интегративната медицина. Оваа медицина се смета за совршено надополнување на класичната медицина. Класичната медицина става приоритет на последиците, а квантно-информативната медицина како комплементарна, помага за попрецизно да се одреди причината за болеста. Накратко, овој вид на медицина ја испитува самата работа и процесите на самите клетки во организмот на човекот. Било која причина: бактерии, вируси, лекарства, хемиски додатоци на храна, пестициди, па дури и храната која не е во склад со антигенот на крвната група може да ја наруши генетски предефинираната фреквенција на клетката, со што доаѓа до пореметување на информациите во комуникацијата на клетките. Решението на проблемот може да ни го даде квантно-информативната медицина преку нејзините две гранки: биорезонантна дијагностика и биорезонантна терапија. Биорезонантната дијагностика ни помага да ја уловиме болеста за време на нејзината информативна фаза (фаза која се одликува со пореметување во меѓуклеточната комуникација), т.е. фазата во која болеста е практично невидлива за ултразувкот, компјутеризираната томографија, магнетната резонанца и другите медицински дијагностики. А, со биорезонантната терапија клетките се ,,учат“, односно се потсетуваат да го прават она што го заборавиле - да функционираат правилно, а организмот да се излечи. 
     Водејќи се според старата добро позната максима: ,,ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ“, ВТ диет клубот на граѓаните од Р. С. Македонија им ја донесе најсовремената 9D биорезонантна технологија од Институтот за практична психофизика од Русија. Благодарение на оваа технологија имаме можност да ја процениме биоенергетската состојба на секој орган поединечно. Тоа ни овозможува да ја откриеме причината за одреден здравствен проблем и да не ги третираме само последиците или симптомите од некоја болест. Откако ќе ја знаеме точната причина за здравствениот проблем, многу полесно и побрзо успеваме да стигнеме до успешно решавање на проблемот бидејќи промените на информативниот проток во клетките се јавуваат многу порано од самите болести и можно е да се измерат преку биорезонантниот преглед. 
     Биорезонантната технологија со која располагаме го скенира секој орган или ткиво на клеточно ниво. Методата се заснова на анализа на промените на електромагнетното поле и електромагнетните бранови кои ги емитираат клетките. Резултатите се добиваат во облик на визуелна слика со топографија на испитуваните области и графички обележја, кои ни овозможуваат да утврдиме пореметување во телесните ткива. Тоа ни овозможува да имаме детален увид во здравствената состојба на внатрешните органи и добиваме информации за виталноста на здравјето и клеточната организација за наредните 3-5 години. Едноставно кажано: канцерот и многу други болести можеме да ги уловиме 3-5 години, кога се уште перзистираат на ниво на клетка и не може да ги препознаат ултразвукот, КТ скенерот, магнетната резонанца и другата медицинска дијагностичка апаратура.

     Откако ќе го утврдиме проблемот, апаратурата овозможува да се ординира биорезонантна терапија. Преку биорезонантната терапија можеме да делуваме превентивно и да ја вратиме рамнотежата на организмот пред развојот на болеста, а покрај тоа што делува на организмот во целина, овозможува и дејствување на одредени дисфункционални органи и системи на организмот, односно ги обновува врските помеѓу нив. Затоа квантно-информативните методи како комплементарни методи може да се применат кај широк дијапазон на заболувања кај кои се исклучително ефикасни: 

  1. Хронични дегенеративни болести од сите врсти, автоимуни болести, како додатна терапија при тумори, хронични инфекции и сл.;
  2. Ослабен имун систем;
  3. Акутни и хронични воспаленија и болки;
  4. Замор, исцрпеност, несоница, депресија, мигрена, психосоматски болести;
  5. Алергии, осетливост на хемикалии, електроосетливост, екцем, неуродерматитис, влијание од околината;
  6. Хормонални пореметувања, менопауза, ПМС;
  7. Болести од староста;
  8. Педијатрија: проблеми со растот, бихејвиористички потешкотии;
  9. Болки во 'рбетот, нозете, зглобовите, напнатост, артритис;
  10. Повреди, скршеници на коски;
  11. Спортски повреди, припрема за натпревар. 

     Биорезонантната терапија може да се спроведи на 2 начини: преку пулсирачко магнетно поле кое се емитира од биорезонантниот скенер или преку користење на информокорегирачки носители - супстанци. Биорезонантниот скенер со кој располага ВТ диет клубот воедно претставува и биостимулатор - апарат кој емитира пулсирачко магнетно поле кое директно влијае на информатичкиот систем на нашиот организам. Надворешното електромагнетно поле емитирано од биорезонантниот апарат влијае на природното електромагнетно поле произведено од страна на специфичното ткиво, кое пак влијае на природниот метаболитички процес и самолекувачката моќ на нашиот организам. Тоа значи дека биорезонантниот скенер може ефикасно да се употребува во помош на приспособување и самолекување на организмот, како и против штетното влијание на стресот и околината на кои сме секојдневно изложени. Исто така, напоменавме дека биорезонантната терапија може да се спроведе и со помош на информокорегирачки носители - супстанци. Информокорегирачките супстанци (спектронозоди) се изработуваат со користење на биорезонантна комора преку која се прави симултан запис на фреквенцијата на одреден носач (вода, алкохол, гранули лактоза, парафин и сл.). Ефектот на информокорегирачките супстанци лежи во будењето на скриените резерви на организмот. На тој начин може да се објасни широкиот спектар на делување на информокорегирачките супстанци и недостатокот на контраиндикации и нус-ефекти, дури и при нивно користење заедно со лековите и другите тераписки модалитети кои ги пропишува класичната медицина.     
     Интересно е да се напомене дека во квантно-информативната медицина не се користи хемија. Тоа значи дека во биорезонантната терапија е исклучена можноста од несакани ефекти, било какви зарази или алергиски реакции. Предноста на биорезонантната терапија во однос на фармакотерапијата и фитотерапијата е користењето на ниски количини на материја и енергија, така што веројатноста за штетно влијание на организмот скоро и да не постои. 
     За крај може да резимираме: доколку имате здравствен проблем, секогаш барајте ја и третирајте ја причината, а не само последицата од болеста. Исто така, превенцијата е многу важна и треба да запомниме дека подобро е да се спречи, отколку да се лечи. За превенција постојат 3 клучеви: избегнување на стресот и негативните влијанија, конзумирање на квалитетна и здрава храна и да и се препуштите на моќта на квантно-информативната медицина.    

     Напомена: Биорезонантната дијагностика и терапија не се замена за ултразвукот, КТ скенерот, магнетната резонанца, гастроскопијата, колоноскопијата, медикаментозната терапија и останатите дијагностички и тераписки модалитети кои ги налага конвенционалната медицина.