ДОБРЕДОЈДОВТЕ!
21-век... Животот тече со ненормална брзина. Сите „трчаат“ за да постигнат некоја цел. Нема одмор. Нема застанување. Животот се живее 24/7. Работа, недостаток на време за себе и најблиските, стрес, неправилна исхрана, седечки начин на живот... Данокот што ни го наплатува брзото темпо на живеење го гледаме секојдневно: вишок килограми, дијабетес мелитус тип 2, дислипидемија, зголемена стапка на кардиоваскуларни болести, цереброваскуларна болест, малигни заболувања итн. Пред да ја образложам нашата мисија и визија, ајде да разгледаме неколку статистички факти кои ја обележаа првата деценија од 21-от век.
- Здебеленоста двојно се зголемила во светот од 1980-тата.
- Во 2008-та, повеќе од 1.4 милјарди возрасни на 20 години и постари, биле со прекумерна тежина. Од нив, повеќе од 200 милиони мажи и близу 300 милиони жени биле дебели.
- 35% од возрасните на 20 години и постари, имале прекумерна тежина во 2008-та, а 11% биле дебели.
- 65% од светското население живее во земји каде од прекумерна тежина и дебелина умираат повеќе луѓе отколку од малнутриција.
- Повеќе од 40 милиони деца помали од 5 години биле со прекумерна тежина во 2011-тата.
Статистиката јасно говори дека живееме во ерата на вишокот килограми и заболувањата: проблеми со срцето, црниот дроб, артритис, остеопороза, рак, намалување на имунитетот, алергии, несоница, главоболки, депресија итн. Но, добрата вест е дека дебелината и сите претходно спомнати болести може да се спречат со правилна исхрана и промени во животниот стил.
Токму тоа е нашата цел: да помогнеме во справувањето со дебелината и да ја добиеме битката со болестите. Тоа планираме да го постигнеме преку два чекори:
- Прв чекор: едукација. На социјалните мрежи и интернет порталите кружат многу наши интересни стории, едукативни текстови од областа на нутрицијата, диететиката, фитнесот, вегетарјанството... Преку едукацијата ќе научиме да се храниме избалансирано и да водиме здрав и активен живот. Тоа е една од нашите главни цели.
- Втор чекор: ВТ диет програм. ВТ диет клубот е првиот Интернет диет клуб во Р. С. Македонија и првиот диет клуб основан во општина Битола. Имено ВТ диет клубот располага и со свој диет програм, ВТ диет програм. ВТ диет програмот претставува индивидуален режим на исхрана. Секој човек е посебен микрокосмос: различен организам, различен метаболизам, различна генетика. Наша мисија е да се нурнеме во водите на овој т.н. „микрокосмос“, да проникнеме во неговите тајни и да изготвиме индивидуален ВТ диет програм кој ќе ни помогне да ги победиме вишокот на килограми и болестите, како и да го подобриме нашето здравје. Исто така, ВТ диет клубот не е отворен само за „диеталците“ кои сакаат да изгубат неколку килограми. Позади ВТ диет клубот стои Влатко Таневски, искусен, стручен нутриционист, (повеќе информации за него може да прочитате во делот За нас), кој е подготвен да му ги понуди своите стручни знаења на една широка таргет група: боди-билдери, спортисти, вегетарјанци, вегани, пегани итн. Доколку некој/а е заинтересиран/а за изработка на индивидуализиран ВТ диет програм или некој друг режим на исхрана, може слободно да не контактира и ние со задоволство ќе ви дадеме повеќе инфорамции за ВТ диет програмот и за нашите услуги. Подетално за ВТ диет програмот и сите други услуги кои ги нудиме во нашиот диет клуб можете да се информирате во делот ВТ диет програм и останати услуги.
Ќе го завршам моето излагање со мојата омилена мисла од австрискиот лекар Фриц Гаиегер: „Здравиот човек има илјада желби, а болниот само една и единствена - да оздрави!“. Најискрено ви посакувам да бидете во групата на луѓе со илјада желби.
Таневски Влатко
дипл. натуропат и
нутриционистички советник