ТЕСТ ЗА ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА (FIT)
     Поднесувате бело вино, но не и црвено? По чаша млеко Ви почнува клокотење во желудникот? Чоколадото не Ве прави среќни, туку Ве иритира? По колачето чувствувате болка во желудникот? Сето тоа би можело да укажува дека страдате од пречувствителност на одредени хранливи состојки.              
     Не, не е пријатно кога оброкот ќе заврши со тегоби: чешање, главоболка, умор, надуеност... И сето тоа поради неколку кикиритки? Или од рибата во паузата за ручек? Или од омлетот? Се чини дека се работи за стрес или можеби болест, но всушност станува збор за алергија или интолеранција на храна. 

     Што е алергија?

     Сосема безопасна состојка (во овој случај дел од храната) може да предизвика бура во организмот. Имунолошкиот систем алармира и го поставува својот одбранбен механизам во состојба како да има опасност од вируси или од бактерии (паразити). Почнува да создава антитела (имуноглобулин Е, кратко IgE) и невротрансмитери, како што е хистаминот, кој овозможува пропустливост на капиларите во борбата против антигенот. Дури и најмалата количина на состојки од храната, популарно наречени алергени, може да предизвикаат алергиска реакција. Таа се забележува веднаш по јадењето и доста често е бурно проследена со: чешање во грлото, отекување на непцата, кожен црвен исип итн.  

     Што е интолеранција?

     Симптомите на нетолеранција (интолеранција на храна) првенствено го погодуваат гастроинтестиналниот систем, односно системот за варење на храната. Тие може да се појават и со доцнење од 72 часа. Интолеранциите се многу непријатни моменти, бидејќи телото не може да се справи со сите состојки на храната. Веруваме дека на сите ви е позната интолеранцијата на лактоза: поради недостиг на ензими (лактаза) не се вари млечниот шеќер. Таквата храна (несварена) поминува во дебелото црево каде што предизвикува симптоми како што се стомачни грчеви и мачнина. 

     Исто така, интолеранцијата може да настане како последица на стрес, инфекции, апликација на лекови кои се причина за оштетување на ѕидот на тенкото црево. Ова резултира со премин на макромолекули од недигестираната храна во крвотокот, која предизвикува продукција на специфични IgG антитела и формација на имуни комплекси кои на крајот се манифестираат со појава на хронични воспалителни реакции. 

     Најчести симптоми на интолеранција на храна се: хронична прекумерна тежина, хронични гастроинтестинални проблеми (проливи, запек, стомачна болка, гасови, синдром на раздразливо црево, колики, чувство на подуеност), главоболки, мигрена, болки во зглобовите и кожни проблеми (атописки дерматит, псоријаза, чешање, уртикарија и сл.).  

     Тест за интолеранција на храна (FIT)

     Тестот за интолеранција на храна (FIT) кој го практикуваме во ВТ диет клубот ја истражува реакцијата на нашето тело на 250 различни видови на храна. Тестот ни покажува која храна го оптоварува телото, предизвикува патолошки симптоми и истата треба да се избегнува. Тестот за интолеранција на храна се изведува преку биорезонантен метод (без вадење на крв), користејќи ја најсовремената 9D биорезонантна технологија од Институтот за практична психофизика од Русија со која располага ВТ диет клубот во Битола. 

      По направената студија за интолеранција на храна следи консултација со нашиот нутриционист Таневски Влатко. Нутриционистот ќе ви помогне да ја дознаете важноста на резултатите. Ако имате проблем со килограмите, нашиот нутриционист може да ви направи индивидуален режим на исхрана со кој ќе ја постигнете идеалната фигура и ќе имате солидно здравје. Ако немате потреба од намалување на тежината, нутриционистот ќе ви помогне да ја балансирате потрошувачката на храна, за да бидете секогаш во добра форма. Па, доколку сте заинтересирани да го направите овој многу значаен тест за Вашето здравје, дојдете во просториите на ВТ диет клубот (ДТЦ Шехерезада приземје, локал 11 - Битола) или обратете се на 078 / 678 - 601 за подетални информации.  

Report abuse Learn more