ИРИДОЛОГИЈА - ОГЛЕДАЛО НА ЗДРАВЈЕТО
Познатата изрека гласи дека очите се огледало на душата. Многумина сметаат дека нашите очи не се поврзани само со нашата душа, туку и со нашето здравје.
Иридологијата (ирис дијагностика) е медицинска техника која тврди дека облиците, бојата и другите карактеристики на ирисот даваат информации за системското здравје на човекот. Нервните влакна во ирисот преку принципот на рефлексна физиологија реагираат на промените во ткивата на различни локации. Ова значи дека општата здравствена состојба се пресликува во промени што се регистрираат на ирисот.
Постои структурна карта на ирисот (ирисна карта) која прави корелација на зоните на ирисот со деловите на телото. Детекцијата на состојбата во ова подрачје се врши со специфичен уред наречен иридоскоп. Тој располага со моќна камера со висока резолуција и оптички леќи кои зголемуваат до 30 пати. Прво се прави репрезентативна слика од обете очи, а потоа таа компјутерски се обработува.
Анализата се врши софтверски, со споредување на добиениот наод со нормалниот и патолошкиот наод од иридолошката карта. Ирис дијагностиката дава информации за здравствената состојба во моментот и здравствените проблеми кои можат да се јават во наредните неколку години, бидејќи ја детектира и предклиничката форма на болеста.
Оваа техника не поставува дијагноза на болеста, но посочува одредени подрачја во сите органи и органски системи кои послабо функционираат (срце, бели дробови, мозок, бубрези и др.). Посебно добро се прикажуваат нервниот систем, дигестивниот систем, бубрезите, црниот дроб, лимфатичните структури и се откриваат подрачјата каде киселите (ацидни) материи може да се акумулираат што претставува значаен ризик за канцер.
После направената иридолошка анализа, нашиот нутриционист Влатко Таневски кој има завршено меѓународни обуки од областа на иридологијата ќе ви даде напатствија за прилагодување на вашиот животен стил и исхраната со цел да се подобри целокупната здравствена состојба на вашето тело. Па, доколку сте заинтересирани да ја направите оваа многу значајна анализа, дојдете во просториите на ВТ диет клубот (ДТЦ Шехерезада приземје, локал 11) или обратете се на 078 / 678 - 601 за подетални информации.