ТАНЕВСКИ ВЛАТКО - ДИПЛ. НАТУРОПАТ И НУТРИЦИОНИСТИЧКИ СОВЕТНИК

         Влатко Таневски е роден на 10.04.1990 година во Битола. Средно училиште завршува во ОСМУ ,,Д-р Јован Калаузи“ - Битола со одличен успех. На 30.08.2012 год. успешно ги завршува академските студии со висок просек (9,58) и се стекнува со стручното звање дипломиран радиолошки технолог, а на 15.12.2015 год. успешно ги завршува доквалификациските студии за нутриционизам и се стекнува со диплома за нутриционистички советник. Запишувајќи се на специјалистичките стручни студии за компјутеризирана томографија и магнетна резонанца, во неговиот живот се отвора една нова врата која го води во волшебниот свет на квантната резонантна магнетна анализа. На 17 ноември 2015 год. успешно завршува меѓународна обука организирана од страна на врвни руски експерти во Белград и се стекнува со звањето сертифициран технолог за квантна резонантна магнетна анализа. Исто така, Влатко успешно го комплетира персоналниот тренинг (26.02.2016 год.) од областа на биорезонантната терапија кој му овозможи значително продлабочување на знаењата од областа на квантната медицина.

     Но, неговата професионална надоградба не завршува тука. Воден од желбата да им помогне на луѓето во борбата против хроничните дегенеративни болести и да го зачуваат своето здравје преку адекватни превентивни мерки, Влатко успешно ги завршува факултетските студии за натуропатија и се стекнува со звањето дипл. натуропат. Благодарение на овие студии тој успешно ги совлада тајните на природниот начин на лекување, осврнувајќи се кон здравата исхрана, здравиот животен стил, растителните лекови, хомеопатските третмани и квантната медицина. Исто така, на 24.12.2016 год. ја завршува и последната обука од доменот на квантната медицина (биорезонантна 9Д НЛС дијагностика и третман) и на тој начин се оспособи да ракува со најсовремените технологии кои потекнуваат од Институтот за практична психофизика - Русија.

       На 24.11.2017 год. Влатко го крунисува своето образование, така што ги завршува специјалистичките студии за компјутеризирана томографија и магнетна резонанца. Одбранувајќи го специјалистичкиот труд на тема: ,,Магнетна резонанца - супериорна метода за дијагноза на аденомите на хипофиза“, Влатко се здобива со титулата специјалист за компјутеризирана томографија и магнетна резонанца.

     Исто така, многу значаен датум кој заслужува да биде спомнат во неговата биографија е 23.02.2018 год. бидејќи Влатко го добива златниот сертификат и титулата NLS Biofeedback Practitioner (биорезонантен терапевт) од страна на Руската Федерација. Златниот сертификат им се доделува исклучиво на 50-те најдобри биорезонантни терапевти на светско ниво кои работаат по методата на д-р Нестеров. Здобивајќи се со златниот сертификат, Влатко го достигнува врвот во полето на квантно - информативината медицина. Но, неговата желба за постојано усовршување и учење не запира тука. На 21.11.2019 год. успешно ги финализира доквалификациските студии од полето на фитотерапијата во Р. Србија, стекнувајќи се со титулата дипломиран фитотерапевт. Додека на 18.02.2020 год. во Белград завршува уште еден едукативен модул од доменот на квантната медицина и се здобива со нова титула квантно-информационен практичар. На 25.12.2023 год. го завршува првиот меѓународен семинар-работилница од областа на иридологијата, а на 18.02.2024 год. успешно ја завршува и втората меѓународна обука од областа на иридологијата и се стекнува со титулата сертифициран иридолог. Исто така, на 16.08.2024 год. ја завршува обуката за Бахова терапија во Белград и се оспособи за работа како Бахов терапевт.        

     Неговата пасија кон нутриционизмот започнува да се раѓа уште за време на неговите додипломски студии. Гаејќи огромна љубов спрема нутриционизмот и медицината, Влатко зеде активно учество на меѓународната обука од областа на безбедноста на храната и нутрицијата организирана од страна на ЦОП (Центар за обука и примена) во септември 2014 година, каде што се оспособи за работа во областа на безбедноста на храната и исхраната. Во јануари 2015 година учествуваше на меѓународна обука за воведување на HACCP - систем, каде што се оспособи за имплементација на HACCP - системот. Исто така, успешно го заврши курсот ,,Основни принципи на спортска исхрана“ на 21.12.2015 година, каде што ги збогати своите знаења за важноста на правилната, спортска исхрана која е од круцијално значење за постигнување врвни резултати во спортот. На 03.11.2016 год. Влатко ја завршува обуката за диететика и диетотерапија која беше организирана од страна на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Додека на 12.03.2017 год. успешно ја завршува обуката ,,Преку здрава исхрана до здрав живот“ организирана од КОНСТАН ДООЕЛ. Како член на ЦОП редовно учествува како предавач на меѓународните обуки од областа на безбедноста на храната и нутрицијата со свои трудови.

     Големата љубов кон научно-истражувачката работа, медицината, физиката и нутриционизмот резултираше со голем број на научно-истражувачки трудови и повеќе освоени награди во текот на школувањето. Порано беше активен соработник на веб сајтот Доктори.мк, а во сајбер просторот често фигурираат и негови интервјуа и статии.

     Животно мото: Со упорност, желката го победила зајакот. Подготвени ли сте да бидете упорни додека не стигнете до целта?

Report abuse Learn more