СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ВТ ДИЕТ КЛУБОТ!
April 30, 2015 at 8:41 pm
ВТ диет клубот е прв Интернет диет клуб во Р. С. Македонија и првиот диет клуб кој е основан во општина Битола. Водејќи се според девизата: ,,Здравјето пред се!“, ВТ диет клубот добива се повеќе и повеќе верни членови. Зачленувањето во ВТ диет клубот е доброволно. За добивање индивидуален ВТ диет програм или друг режим на исхрана (режим за зголемување на мускулна маса, вегетарјански режим на исхрана и сл.) се плаќа месечна чланарина. Зачленувањето во ВТ диет клубот опфаќа 3 чекори:
- Чекор 1: Регистрација. Преку регистрацијата ние ги добиваме Вашите анамнестички податоци, кои ни се потребни за да ја процениме Вашата здравствена состојба.
- Чекор 2: Доставување на комплетна крвна слика. Крвната слика не треба да биде постара од еден месец. Крвната слика може да ни ја доставите директно во ВТ диет клубот (ДТЦ Шехерезада приземје, локал 11) или да ни ја испратите по електронски пат (скенирана верзија, фотографија) на нашата e-mail адреса: vtdietclub@gmail.com. Крвната слика треба да ги содржи следните биохемиски параметри:
1. Седиментација; 2. Еритроцити; 3. Леукоцитна формула; 4. Тромбоцити; 5. Хемоглобин; 6. Хематокрит; 7. Серумско железо; 8. Глукоза; 9. Триглицериди; 10. Вкупен холестерол; 11. HDL холестерол; 12. LDL холестерол; 13. ALT; 14. AST; 15. Уреа; 16. Креатинин; 17. Мочна киселина (acidum uricum). - Чекор 3: Изработка на индивидуален ВТ диет програм или друг режим на исхрана. Покрај индивидуалниот ВТ диет програм или кој и да било друг индивидуален режим на исхрана, Вие добивате и професионални нутриционистички консултации од страна на нашиот нутриционист Влатко Таневски. Ние сме тука за Вас!
Доколку сакате да станете член на ВТ диет клубот и сте заинтересирани за изготовка на индивидуален ВТ диет програм или друг режим на
исхрана, или сте заинтересирани за некоја од другите услуги кои ги нудиме во ВТ диет клубот, може да стапите во контакт со нас преку телефонскиот број 078 678 601 или преку нашата e-mail адреса: vtdietclub@gmail.com.
Здравиот човек има илјада желби,
а болниот само една и единствена - да оздрави.
-Д-р Фриц Гаиегер - австриски лекар