ЕЛЕКТРОПУНКТУРНА ДИЈАГНОСТИКА - СПОЈ НА КИНЕСКАТА ТРАДИЦИОНАЛНА МЕДИЦИНА И МОДЕРНАТА ТЕХНОЛОГИЈА

     Електропунктурната дијагностика е безбедна и неинвазивна метода преку која се обезбедуваат брзи и прецизни информации за: физичката способност на телото, ментално-емоционалната состојба, метаболзимот, мускуло-скелетниот систем, автономниот нервен систем и внатрешните органи. Тоа е еден вид на интегриран дијагностички метод кој ги комбинира модерната технологија и кинеската традиционална медицина. 

elektropunkturna_dijagnostika.jpg

   Електропунктурната дијагностика е основана од доктор Рејнхолд Фол. Ова метода се заснова на одредување на електроспроведливоста на акупунктурните точки и протокот на енергија низ 12-те меридијани кои се протегаат ширум телото. Оваа техника му овозможува на професионалецот да ги открие евентуалните инхибиции или ексцитации на одредени места на органите во телото. На овој начин електропунктурната дијагностика овозможува да се откријат раните патолошки промени во човечкиот организам, пред нивните клинички докази. По завршувањето на анализата, се добиваат индивидуални насоки за исхрана и суплементација со цел да се унапреди здравјето на пациентот. Ефектите од употребата на суплементите може да се забележат во краток временски период од 3 до 14 дена.  

     Теоријата за 12-те меридијани се занимава со проучување на физиолошките и патолошките промени кај човечкото тело и нивната поврзаност со секој поединечен орган. Таа е еден од најважните фундаменти на традиционалната кинеска медицина. 12-те меридијани се енергетски канали кои служат како патишта за циркулација на виталната енергија (Qi) низ телото. Тие ги поврзуваат внатрешните органи со надворешните делови од телото. Ако постои блокада или нерамнотежа на некој од меридијаните, тоа ќе се манифестира преку промена на електричниот отпор на соодветната акупунктурна точка. На пример, ако постои некаква нерамнотежа во белодробниот меридијан, ќе се забележи промена на електричниот отпор кај акупунктурната точка LU 9. Оваа промена (без разлика дали станува збор за ексцитација или инхибиција) ќе биде регистрирана од страна на уредот за електропунктурна дијагностика. На овој начин може да се утврдат многу постоечки нарушувања во различни органи и системи кај пациентот (акутни, субакутни, хронични, дегенеративни и неопластични процеси), како и рано откривање на заболувањата уште во фаза на предклиничка манифестација (откривање на здравствени проблеми додека не се појавиле никакви знаци, ниту симптоми). Ова ја вбројува електропунктурната дијагностика во т.н. ,,превентивна дијагностика“ и дава можност да се реагира во моментот кога болеста веќе почнува да се развива, и да не се дозволи да се појават сериозни здравствени проблеми. Кинеските лекари не говореле без причина: ,,Лекувањето на човек, кога е веќе болен, исто е како да чекаш да ожедни, а дури потоа да почнеш да копаш бунар“. Доколку сте заинтересирани да ја направите оваа многу значајна дијагностика, дојдете во просториите на ВТ диет клубот (ДТЦ Шехерезада приземје, локал 11) или обратете се на 078 / 678 - 601 за подетални информации.        

Report abuse Learn more