ФЛОРИТЕРАПИЈА - квантен скок кон вашата емоционална благосостојба

     Флоритерапијата е еден од природните и нежни начини на лекување. Настанала во триесеттите години на XX век (нејзин творец е доктор Едвард Бах), а се усовршува до денешен ден. Во последните десеттина години ја користат многу доктори, психотерапевти и многу други здравствени професионалци чија примарна цел е подобрување на општата здравствена состојба кај луѓето. 

floriterapija.jpg

   Според д-р Едвард Бах, таткото на флоритерапијата, емоционалната нерамнотежа е предвесник на било кое физичко заболување. Флоритерапијата претставува холистички начин на лекување, бидејќи делува на ментално, физичко и духовно ниво. Таа му помага на поединецот да се ослободи од негативните убедувања и му дава самодоверба, храброст, упорност, доследност, верба за да стане доминантен во однесувањето. Како сосема природен начин на лекување, таа ни помага да се ослободиме од негативните обрасци, чувства и мисли и ни овозможува да се почувствуваме здраво, задоволно и среќно. Ни помага со помош на цветните есенции да зачекориме кон внатрешниот мир, задоволство и добро здравје. 

     Флоритерапија значи терапија со цветни есенции и таа е нежна, природна процедура на воспоставување хармонија меѓу телото, емоциите и психата на личноста, со примена на капки кои се добиваат од специјално одбрано и обработено цвеќе. Цветните есенции се течни, потенцирани растителни есенции кои се добиваат од цветните делови на растенијата. Тие делуваат врз принципот на откривање на причината за неурамнотеженост и на активирање на имунолошкиот систем, кој тогаш ја победува болеста. 

      Во светот постојат различни видови на цветни есенции: Бахови цветни есенции, калифорниски цветни есенции, австралиски цветни есенции, холандски цветни есенции, цветни есенции од пустината Аризона (Desert Alchemy Essences) и др. 

    Баховите цветни есенции кои се познати уште како британски цветни есенции се пронајдени од страна на д-р Едвард Бах во Англија во триесеттите години на XX век. Д-р Бах открил 38 цветни есенции. Баховите цветни есенции се познати по своето позитивно дејство врз анксиозноста и депресивноста, како и за развој на самодовербата. 

      Калифорниските цветни есенции се развиени во Соединетите Американски Држави во седумдесеттите години на XX век. Овие есенции се плод на напорната работа на Ричард Кац и Патриша Камински кои соработувале со група на: лекари, хомеопати, психолози и психотерапевти. Калифорнискиот сет цветни есенции брои 104 цветни есенции, но треба да се нагласи дека нивниот број постојано расте бидејки во рамките на Калифорнискиот институт за истражување и докажување на лековитите својства на цветните есенции секоја година се докажуваат лековитите својства на неколку нови цветни есенции. Спектарот на делување на калифорниските цветни есенции е многу поширок, што е и разбирливо, кога ќе се земе во обзир дека ги има скоро 3 пати повеќе од Баховите цветни есенции. Калифорниските цветни есенции првенствено се занимаваат со проблемите на современиот живот како што се: стрес, сексуална дисфункција (кај двата пола), болести на зависност (пушење, алкохол и сл.), болести поврзани со исхраната (анорексија, булимија), сите видови на проблеми во партнерството, рани трауми (пренатални, натални и животни), за унапредување и развој на креативноста, разни проблеми со имунитетот, криза на идентитетот поради урбаниот и модерен стил на живот и сл. 

      Австралиските цветни есенции се пронајдени од Ијан Вајт, натуропат од Сиднеј. Постојат 69 австралиски цветни есенции. Австралиските цветни есенции се познати по своето извонредно делување при разни заболувања: депресија, неплодност, хормонална нерамнотежа, изгореници и бројни други физички тегоби. Во една споредбена научна студија се докажало дека одредени комбинации од австралиските цветни есенции за нијанса биле помалку делотворни од морфиумот во однос на смалување на интензитетот на болките кај пациенти заболени од карцином во терминална фаза. Но, овие комбинации од австралиски цветни есенции биле далеку побезбедни од морфиумот бидејќи кај пациентите не создавале пропратни нус ефекти како што се: поспаност, губиток на внимание и концентрација, дезориентација во просторот и времето итн. 

     Кај терапијата со цветни есенции не постои можност за предозирање. Нема разлики во дозирањето на цветните есенции за деца и возрасни. Цветните есенции не ја попречуваат работата на другите лекови кои ги прима пациентот (не постојат несакани интеракции со другите лекови) и не предизвикуваат никакви нус ефекти. Цветните есенции може без проблем да ги користат сите, почнувајќи од бремени жени и мали бебиња до тешко болни и стари луѓе. Исто така, цветните есенции не создаваат никаква физичка или психичка зависност. Цветните есенции поседуваат природна снага која е во состојба да воспостави хармонија во нашата душа и тело и затоа не треба да дозволите едноставноста на оваа метода да ве одврати од нејзиното користење. Бидете во емоцинален баланс! Бидете здрави! Здравјето нема цена.  

Report abuse Learn more