ВТ ДИЕТ ПРОГРАМ
April 30, 2015 at 3:51 pm
- Што претставува ВТ диет програмот?
ВТ диет програмот претставува индивидуален режим на исхрана, кој за примарна цел има да ни помогне да го победиме вишокот на килограми и болестите, како и да го подобриме нашето здравје. ВТ диет програмот е базиран врз принципите на метаболитичката исхрана. Оваа диет програма е индивидуална, т.е. е различна за секоја индивидуа. Имено секој човек е посебен микрокосмос: различен организам, различен метаболизам, различна генетика. Нашата мисија е да се нурнеме во водите на овој т.н. „микрокосмос“, да проникнеме во неговите тајни и да го подобриме или вратиме нашето здравје.
- Што претставува метаболитичката исхрана?
Метаболитичката исхрана претставува сет од принципи со чијашто практична примена се зголемува размената на материи во телото. Стариот назив за метаболитичката нутриција е природна хигиена. Принципот на природната хигиена го носи потеклото од стара Грција, 400-тини години пред Христа, кога Хипократ рекол: ,,Нека храната ти биде лек, а лекот храна“. Основниот принцип на природната хигиена се темели на фактот дека телото секогаш тежнее кон здравјето и дека тоа го постигнува со непрекинато самоисчистување од штетните материи. Кога говориме за метаболитичката исхрана, треба да го воведеме терминот ,,метаболитичка возраст“. Метаболитичката возраст покажува на кое ниво се наоѓа нашиот метаболизам во моментот. Всушност таа ни покажува колку е стар нашиот организам. Размената на материите се намалува кога ќе наполниме 16-17 години. Преку метаболитичката исхрана се зголемува размената на материи, се зголемува елиминацијата на токсичните материи од нашиот организам, се согоруваат повеќе калории, а на тој начин се намалува метаболитичката возраст. Таа треба да е пониска од фактичката возраст и да не е поголема од 40 години. Од се што е кажано може да се заклучи дека ефектите од метаболитичката исхрана се јасно видливи: намалување на телесната тежина и повраток на здравјето или подобрување на здравствената состојба.
- За колку време се осеќаат ефектите од ВТ диет програмот?
По три дена од примена на метаболитичкиот начин на исхрана, ќе почуствувате поголема енергија. Но, за да стекнете вистинска слика за тоа колку е делотворна метаболитичката исхрана, потребно е минимум 8 недели да се придржувате кон овој начин на исхрана.
- Дали ВТ диет програмот вклучува броење на калории?
ВТ диет програмот не вклучува броење на калории, т.е. нема однапред утврдени количински ограничувања во поглед на намирниците. Броењето калории е една застарена метода каде што поголем акцент се ставаше на квантитетот на храната. ВТ диет програмот не става акцент на квантитетот на храната, туку на квалитетот на храната. ВТ диет програмот овозможува умерено конзумирање на месо и други анимални продукти со изобилство од овошје, зеленчук, легуменози, интегрални житарки, јатки, семки, здрави масла, суво овошје, здрави засладувачи и сл. Значајно е само да се придржувате до метаболитичкиот распоред на внес на намирниците, кој го составува Вашиот нутриционист. Филозофијата на програмот е во тоа секој човек да добие знаење кое ќе биде основа за понатамошното живеење на здрав живот.
- При кои нарушувања на здравствената состојба може да се применува ВТ диет програмот?
ВТ диет програмот може да се практикува при разни здравствени состојби, како што се различните воспаленија, сува и надразнета кожа, хронични главоболки, акни, хронично лошење и мачнина, несоница, депресија, анксиозност, надразливост, чувство на глад, прекумерна тежина, слаб имунитет, алергии, проблеми со срцето и црниот дроб, канцер, артритис, остеопороза и др. здравствени проблеми.
- Што е потребно за да се изготви индивидуален ВТ диет програм?
За изготвување на индивидуален ВТ диет програм, потребни се:
- Анамнестички податоци. Вашиот нутриционист потребно е да собере анамнестички податоци со цел да ја утврди Вашата здравствена состојба.
- Комплетна крвна слика. Крвната слика, како што велат лекарите, е огледало на нашето здравје. Затоа е корисно повремено да ја проверуваме крвната слика. За изготвување на индивидуален ВТ диет програм, пациентот треба да достави крвна слика која не е постара од 1 месец.
- Кои се бенефитите од ВТ диет програмот?
ВТ диет програмот е носител на многу бенефити: неутрализација на токсичните материи кои се создаваат во нашето тело, хидрација на лимфниот систем, зајакнување на имунитетот, подобрување на варењето на храната, зголемување на диурезата, го помага слабеeњето, чистење на кожата и му помага на нашиот организам да се бори со болестите.
- Зошто е важно да се знаат и подобрат вредностите на телото?
Нашето тело е единственото место во кое мора да живееме и треба да бидеме свесни во каква состојба е истото. Позитивната вест е дека не е важно во каква состојба е сега, туку во каква може да го доведеме, а тоа е НАЈДОБРАТА можна!